Околу 150 милиони долари ќе плати автомобилската компанија “Крајслер” на родителите на момченце, кое загинало во сообраќајна несреќа во 2012 година, одлучи судот во Џорџија.

4-годишниот Ремингтон од САД патувал во џип “Гранд чироки”, кога одзади го удрил пикап. При ударот Џипот се запалил и детето умрело во пламенот. Причината за пожарот е истекување од резервоарот, кој се наоѓа зад задната оска. При овој модел од 1999 година резервоарите за гориво речиси не се заштитени од удар одзади, а тоа е причина за протекување на гориво и пожари. Поради оваа причина во 2013 година “Крајслер” повлече 1,56 милиони автомобили од овој вид.
Судската порота заклучи дека вината на компанијата за инцидентот е 99%, а на возачот на пикап – 1%. Така го распредели и плаќањето на износот од 150 милиони долари.