Најкраткото затемнување на Месечината во овој век ќе може да се види во саботата на 4 април, соопшти НАСА. Само најбрзите ќе можат да го набљудуваат целосното затемнување што ќе трае само 5 минути изутрина.

Од Македонија феноменот нема да се гледа. Најдоброто место за набљудување е Пацификот. Затемнувањето ќе се гледа во САД, а во Јужна Америка – почетокот ќе биде пред изгрејсонце кога Земјината сенка делумно ќе ја затвори Месечината. Во Азија, Индија, Западна Кина и Русија ќе гледаат завршните негови фази, по зајдисонцето.
Затемнувањето ќе причини боење на Месечината во црвено, што се нарекува крвава Месечина. Причината е дека сончевата светлина поминува низ земјината атмосфера која филтрира поголемт дел од синиот нејзин спектар.