Најостро го осудувам неморалното и неоправдано исклучување на Кекеновски од Груевски

од Vladimir Zorba
203 прегледи

 Исклучувањето на Јове Кекеновски од партијата ВМРО-ДПМНЕ,  повод за реакцијата на проф. Нестор Огинар, Македонец, кој живее во САД

10621827_10203718945792132_1323651876_n

Еве што пишува Огинар:

Како прв задграничен претставник на партијата ВМРО-ДПМНЕ на Северно Американскиот континент најостро го осудувам неморалното, неоправдано и против статутарно исклучување на Јове Кекеновски од партијата.

Го повикувам широкото партиско членство да застане во одбрана на угледот и демократските принципи загарантирани со статутот на партијата. Не смееме да заборавиме дека исклучување на еден од основачите на партијата не смее да се случи без соодветна процедура со која и се дава можност на личноста да ги објасни своите ставови.

 

nestorOginar

Подсетувам дека уште на Струмичкиот Конгрес на партијата во 1998 година од јавна говорница се спротивставив и предупредив за можните последици од набрзина договорената коалиција со тогаш ново формиранота партија ДА. Денес, за жал, сме сведоци на темната сенка на хегемонот на ДА во највисоките тела на првата државотворна партија на возобновената Македонска држава.

На нас, слободоумните патриоти, останува да го браниме угледот на партијата и да ги негуваме демократските принципи во нашето општество без кои немаме иднина.

Професор Нестор Огинар, Њу Уорк

Фејсбук статус на Нестор Огинар