Во Москва започнаа разговори меѓу режимот на Асад и неколку опозициски групи. Учесниците во разговорите не хранат особени надежи за успех. Единствено руската влада може да профитира од овие преговори.

Пробив е малку веројатен, но двата табора барем сакаат да разговараат. Постои мала надеж да биде постигнат напредок барем за хуманитарните прашања. И тоа би било успех во времето кога во сирискиот конфликт може да настапи решавачки пресврт. Ова важи особено за тенките сметки на режимот на Асад.
На почетокот на годината сириските власти ослободија од затворите членови на џихадистички групи, правејќи си тенка сметка дека тие ќе ја потопат во насилство Сирија и соседните држави, а меѓународната заедница некогаш ќе биде принудена да започне борба против нив. При тоа со помош на Асад. Ваквиот развој би обезбедило политичкото преживување на сирискиот диктатор. Се чини дека во овој момент сметките му излегуваат. Во контекст на злосторствата најмногу на “Исламска држава”, по долги години на дистанцирање, западните држави повторно се обложуваат на режимот на Асад. Во нивните очи режимот на сирискиот претседател претставува помала закана во споредба со џихадистите. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери изјави дека глобалната закана “Исламска држава” ја принудува меѓународната заедница да преговара со Асад. “На крајот ќе мора да преговараме”, изјави Кери во средината на март во телевизиско интервју. Дел од арапските партнери од коалицијата против Асад едвај беа одушевени од оваа изјава.
Секуларната опозиција губи влијание
Безбедносните мерки на режимот на Асад и насилството на џихадистите ги прават светските сили во земјата и странство да изгледаат како безгласни букви. На масовниот притисок е подложена најмногу опозицијата во земјата. Во ноември минатата година властите го уапсија претседателот на опозициското движење “Враќање на сириската држава” Лоај Хусеин. Тој беше ослободен дури во февруари. Опозицискиот лидер сакаше да се приклучи на разговорите во Москва, но режимот не му дозволи да ја напушти земјата. Наместо тоа, претседателот на лево-ориентираниот “Национален координативен комитет за демократски промени” Хасан Абдел Асим учествува во преговорите. Застапуваната од него унија со години се прогласува за дијалог со режимот на Асад.
Во Москва не e претставена сепак признаениата многу западни и арапски држави за легитимен претставник на сириското население “Национална коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили” со седиште во Истанбул. Таа ја отфрли поканата со образложение дека руската влада е на страната на Асад во оваа војна и не може да биде неутрален посредник во преговорите. Во последниве месеци коалицијата загуби голем дел од своето значење и има за решавање низа проблеми, кон кои спаѓаат и внатрешните несогласувања. Организацијата обединува како левичарски, така и умерени исламистички групи што ја спречува да формулира заеднички позиции. Покрај тоа, таа има ограничено влијание врз настаните во Сирија и тешко организира политички иницијативи во земјата. Друг сериозен проблем за коалицијата е поврзана со нејзиното финансирање .
Според германската фондација “Наука и политика”, сириската “Национална коалиција” е зафатена пред сè со сопствените проблеми. “Постојаните спорови за трошење на средствата и распределбата на функции не само што влијаат врз ефикасноста на коалицијата, туку за многу Сиријци таа стана олицетворение на сите негативни опозициски трендови”, гласи оценката на германските експерти.
Русија се грижи за својот престиж
Русија, пак, сака да го доизбели меѓународниот имиџ. Освен во источна Украина, Русија се обврза воено и во Сирија воено. И преговорите во Москва треба да го потсетуваат западниот свет, дека не може да води политика против Русија. Дури и на петтата година од почетокот на една војна која дотука го одзела животот на речиси четвртина милион луѓе.
