25.11.2011, Макрадули против Груевски: Зошто ги амнестиравте убијците?

од Vladimir Zorba
114 прегледи

25.11.2011 пратенички прашања… Јани Макрадули:

Господине Груевски, покрај вашата пракса да бегате од телевизиски дуели, годинава 100-те дена ги зачинивте со уште еден недемократски чин, избегавте од соочувањето со новинарите и новинарските прашања и ги користевте комуникациските канали. 100-те дена ги одбележавте со кампања која чини по медиумскиот закуп од околул 100 илјади евра под мотото „Без зборови – дела“., пренесе од Фејсбук статусот на Макрадули +Инфо

Типичен пример за ова, ќе се согласите, е амнестијата на убиците и киднаперите на Македонците во 2001 година. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ збор не кажаа, но го поддржаа вашето дело, мислењето за амнестија на злосторниците против човештвото.


Со мислењето кое дојде од Владата, чиј претседател сте вие, го погазивте правото, ги ослободивте луѓето кои ги резбаа грбовите на македонските работници, кои сега пијат кафе некаде, а во исто време држите во притвор скоро една година мајки и татковци на малолетни деца, бремени жени и болни лица. Но она што е најбитно, ги излажавте роднините на убиените и киднапираните во 2001 година.

Ве цитирам: „Никогаш не сум се пазарел за хашките случаи, тоа се судски случаи“. Роднините после излгасувањето на амнестијата на убиците и киднаперите ви порачаа, цитирам: „Како ќе не погледне премиерот Никола Груевски во очи и како ќе има образ да ни објасни. Ни ветуваше дека никогаш нема да се пазари за хашките случаеви и дека тие се во надлежност на судот и со никаков политички договор нема да дозволи да бидат амнестирани убијците на нашите најмили“.

Во обраќањето по повод 100-те дена рековте, цитирам: “Владата ги исполни зацртаните краткорочни цели во првите 100 дена, дела кои се неспорни и со кои сите можеме да се гордееме и можеме да чекориме со високо крената глава“.

Господине премиер, која краткорочна цел е амнестијата на воените злосторници? Дали со ова дело шетате со крената глава или краткорочната цел се вика зачувување на фотелјите на фамилијата“.

Никола Груевски:

Како и да е, ќе одговорам на првото прашање на кое веќе дадов одговор во деновите кога се формираше Владата. Тука бев во парламентот, од оваа позиција го дадов одговорот на денот на изборот на Влада, кога кажав дека, ќе парафразирам, јас искрено жалам за случувањата што се имаат случено во 2001 година и сочувствувам со семејствата на киднапираните, загинатите и итн., од тој конфликт и дека како човек навистина тешко го примам сето тоа, но како премиер јас морам да се согласам со одлуката на Парламентот која беше заради цели кои парламентот ги образложил.

Тоа би бил мојот краток одговор, практично од прилика истиот само во скратена форма денес го дадов на денот на формирање на Владата овде во Парламентот, а истиот го повторив и во јавноста неодамна и на телевизија Алфа во живо на вестите на оваа телевизија.

(ФБ статус на Јани Макрадули)