Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на кривичната пријава од СДСМ против градоначалникот Талески

од desk3
139 прегледи

vmro_dpmne_bitola-610x400
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола по денешната кривична пријава од СДСМ против градоначалникот на Битола Владимир Талески оцени дека единствен проект на опозициската партија во изминатиот период е објавување „незаконски, снимени и креирани телефонски разговори“.

– Васко Ковачевски денеска призна дека единствениот, како што самиот го нарече, „проект“ на СДСМ во изминатите десет години е безобразното пуштање незаконски снимени и креирани телефонски разговори со кои се нарушува приватноста , се уриваат инстистуциите на државата и се оддаваат државни тајни, рече на прес-конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Благој Шаклевски.

Ковачевски, според владејачката партија, не може да зборува за криминал, затоа што, како што рече Шаклевски, „е послушник на аболициран обвинет за криминал каков што е лицето З.З“.

– Со какво лице Васко Ковачевски влегува во Судот и Обвинителството кога врхушката на СДСМ, сите свои капацитети ги мобилизираше во гнасно дискредитирањеи девалвирање на судиите и обвинителите кои чесно си ја вршат својата работа, праша Шаклевски.

Проектите на ВМРО-ДПМНЕ, додаде, и покрај сето плукање и омаловажување, сепак се посилни и порадосни од сите валканци што оркестрирано ги сервираат СДСМ и непријателите на македонскиот народ и држава/МИА