Создадоа парфем кој мириса посилно кога се потиш.
Револуционерниот производ е развиен од страна на научници во Белфаст, Северна Ирска.Според британските медиуми антиперспирантите го намалуваат потењето, дезодорансите го прикриваат непријатниот мирис, а новиот мирис го зголемува пријатниот мирис, кога е во контакт со влага.
“Тоа значи дека колку повеќе се потите, толку повеќе ќе мириса пријатно”, објаснија креаторите на револуционерниот производ во козметичката индустрија од универзитетската лабораторија Куил.