ВМРО ДПМНЕ: Битола е град кој најмногу штета претрпи од владеењето на СДСМ

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Вадејачката партија ВМРО ДПМНЕ, смета дека најголемата опозициска партија СДСМ и денес продолжила со “сценарио за дестабилизација со кое им наштетува на интересите на Македонија и на граѓаните“.

„Денес своите лепени, прелепувани и креирани материјали ги објавуваа во Битола, градот кој најмногу патеше во времињата на СДСМ. Токму во Битола СДСМ ги демонстрираше своите погубни политики кога во аферата со штедилницата ТАТ беа украдени 60 милиони евра пари на околу 13 000 граѓани, градот го оставија во бесперспективност, а министрите во тренерки на СДСМ ги префрлаа парите со црни кеси во своите дебели банкарски сметки. СДСМ во Битола им ги ограби парите на старите девизни штедачи и затвори десетици фирми и фабрики од кои повеќе од 10 000 битолчани останаа без свое работно место„, се нагласува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ, СДСМ после толку години повторно од Битола се обидуваа да и наштети на Македонија, а овојпат како измеќар на странски центри кои не и мислеле добро на државата.

„Ај што користи нелегелно стекнати и креирани материјали и истите ги прилепуваат и монтираат, туку потоа ги става во манипулативен контекст кој нема врска со реалноста и се користат за манипулација на јавноста. Лажат и око не им трепнува„, се посочува во реакцијата на владејачката партија.