Божиновска ги осуди бомбите во строг пост, но се омрси со линчот кон Заев

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Претседателката на собраниската Комисија за верски заедници, Валентина Божиновска, апелираше опозицијата да го испочитува строгиот велигденски пост и да се водзржи од објавување на нови коруптивни скандали, но нема коментар за линчот кој се врши кон лидерот на опозицијата, Зоран Заев. На прашањето дали ќе апелира до граѓаните да не се потпишуваат на иницијативата за велепредавство на Заев во пресрет на големиот христијански празник, таа одби да одговори.

– Се што имав да кажам кажав во изјавата. Денес е многу важен празник, Ден на Ромите, јас мислев дека ме барате да ме прашате за тоа – изјави Божиновска за „А1Он“.

Преку провладините медиуми таа денеска и порача на опозицијата дека е поткопување на религијата тоа што опозицијата обелоденува коруптивни скандали во кои се вмешани владини функционери, иако Заев на последната прес конференција изјави дека нови бомби нема да бидат обелоденети за време на празникот.

– Недозволиво е во време на пост, христијанин на христијанин да ви фрла грозни бомби. Малку да има памет лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе рече јас ова не го правам за време на пост. Ова е цело време во текот на строг пост. Ова е по­ткопување на религијата, на демохристијанскиот принцип, на културата, на тради­цијата – смета таа./Извор А1Он