Унилатералните санкции на Западот, наметнати на Русија, се штетни за мирно решавање на конфликтот во Украина. Тоа го изјавил кинескиот министер за надворешни работи Ван И кој е во тридневна посета на Москва, објавија руски медиуми.
Украинската криза треба да биде решена само со политички средства, истакнал кинескиот дипломат број еден, додавајќи дека военото решение не е опција.
Во октомври Ван И ја предупреди Украина да не им дозволува на САД и ЕУ да ја стават Русија во позиција на “самотник” со наметнување на санкции поради наводната вмешаност на Москва во украинската криза.
“Кина смета дека санкциите против Русија се непромислен потег”, изјави тогаш кинескиот министер за надворешни работи.
“Ставот на Кина за Украина е објективна и непристрасна од самиот почеток”, изјави Ван И во интервју за телевизија “Русија 24”.
“Украинските власти треба да ги развиваат односите меѓу различните региони, различните националности во земјата во избалансиран начин”, истакнал кинескиот министер за надворешни работи и истакнал дека Украина треба исто така да ги охрабри балансирани односи со Русија и Европската унија.
Според руски медиуми Ван И дал пофалби за улогата на Москва во остварувањето и спроведувањето на вториот мировен договор за Украина, постигнат во Минск.
