Конзервативната партија на британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека ќе ја реновира застарена флота на Велика Британија од нуклеарни подморници, ако победи на изборите на 7 мај, јави “Ројтерс”, цитирана од агенциите. Ториевците се надеваат на тој начин да ги стават под притисок нивните главни ривали од Лабуристичката партија да одговорат на оваа обврска.
Замената на четири подморници класа “Вангард”, вооружени со ракети “Тридент”, се очекува да чини 20 милијарди фунти, а конечната одлука по ова прашање треба да биде донесена во 2016 година
Противниците на обновувањето на флотилата тврдат дека тоа може да излезе цели 100 милијарди фунти, како и дека Велика Британија би требало да размисли за поевтини алтернативи.
“Во својата предизборна платформа Конзервативната партија ќе осигура дека ќе изградиме нова флота од четири подморници” Саксесер “со балистички проектили”, напиша британскиот министер Мајкл Фалон во статија за весникот “Тајмс”. Според неговите зборови, “Тридент” ќе бидат задржани, за да се обезбеди максимален степен на безбедноста на Велика Британија.
Конзервативците одамна го поддржуваат обновувањето на “Тридент” и со денешното ветување се цели да биде упатен предизвик кон лабуристите.
Но, со оглед тоа дека според прогнозите ниту лабуристите, ниту конзервативците се очекува да постигнат убедлива победа на изборите, најверојатниот пат на лабуристите кон власта поминува низ договор со Шкотската национална партија. Таа од своја страна силно се противи на каква било обнова на флотилата која е базирана во Шкотска.
Вчера лидерот на националистите Никола Стрдџен рече дека неговата партија никогаш нема да гласа за ажурирање на програмата “Тридент”, која е потенцијална компликација на преговорите за формирање влада.
Портпаролот на лабуристите за прашањата на одбраната Вернон Коукер преку соопштение посочи дека неговата партија “е посветена кон зачувувањето на минимален, сигурен капацитет за нуклеарно одвраќање”. “Тоа не е предмет на преговори со ниедна партија”, изјави тој.
