Обвинителството на Украина го истражува исчезнувањето на собрани докази против поранешниот премиер Јулија Тимошенко, соопшти Интерфакс.
Таа излезе од затворот во почетокот на 2014 година Проверка на архивите на обвинителството покажа дека недостигаат важни документи по нејзини дела . Се смета дека зад исчезнувањето стојат високи претставници на државното обвинение.
Не се малку Украинците , кои ја обвинуваат Тимошенко за неуспехот на “Портокаловата револуција” од 2004, во која поранешната премиерка ја игра главната улога. Луѓето не заборавиле и како во 2009 Тимошенко очигледно беше подготвена на договор со поранешниот претседател Виктор Јанукович, за да се промени уставот, потсетува Дојче Веле.
