Мегапроект: Кина ќе гради железнички тунел под Еверест

од desk3
98 прегледи

Кина ја разгледува можноста да ја продолжи Транстибетската железница и така да ја поврзе земјата со соседен Непал. Овој автопат треба да помине под Еверест (Џомолунгма), за што треба да се сикопа тунел под највисоката точка на светот, соопшти The Guardian.Експертот за железнички транспорт од Кинеската академија на науките Ванг Меншу (Wang Mengshu) соопштил дека НР Кина по барање на Непал започна подготвителни работи на реализацијата на проектот, пишува за возврат China Daily. Сега таква врска меѓу двете земји нема.

20150410.ddpbaxjzut

“Линијата најверојатно ќе поминува под Џомолунгма и на градителите најверојатно ќе им се наметне да копаат неколку многу долги тунели” – рекол научникот. Тој додал дека поради комплексноста на месноста максималната брзина на возовите ќе биде ограничена до 120 км / час.

Во изминатата деценија беше изградена Цингхај-Тибет железницата, која ги поврзува пустите области на Тибет со останатиот дел на Кина. Краен премин на автопатот сега е главниот град на тибетскиот автономен округ Ласа.

Се очекува проектот за продолжување на автопатот да биде завршен до 2020 година Продолжението на линијата ќе овозможи да се поврзат со сигурна врска во Непал двата големи азиски пазари Кина и Индија.

Ова прашање веќе е покренато при посетата на министерот за надворешни работи на Кина Ван И во Катманду во декември 2014 година

Цингхај-тибетски железен пат е највисоката линија на светот. Над 960 км. од основата (околу 80% од вкупната должина) се наоѓа на височина над 4 км. надморска височина.