Попоски: Грција „игра на време“ во разговорите за името

од desk3
105 прегледи

 

Грција се обидува да добие на време во разговорите со името, смета министерот за надворешни работи Никола Поповски.

Во интервју за виенски „Ди Пресе“, Попоски вели дека грчката Влада во моментов не е во можност да троши енергија во ништо друго, освен за решавање на економската криза.

poposki

– Многу ризичен облог е дека Атина наскоро ќе му се посвети на решевањето на спорот со името. Најверојатно тие ќе се обидат да добијат во време. Тие ќе осигураат дека не постои ефикасен процес за решавање на прашањето за името, во согласност со мотото: Не не прашувајте дали ќе ја менуваме нашата политика кон Македонија, бидејќи имаме други грижи, а исто така врзани сме за политиката која ја водеше доскорешната влада“, вели шефот на македонската дипломатија.

Во врска со спомениците во Скопје кои предизвикуваат негативните реакции кај јужниот сосед, Попоски вели дека претходно немавме такви споменици, но Грција сепак не блокираше.

– Ниту една нација не може историските личности на Балканот не може да си ги припишува само себе си. Тоа би било повеќе од парадоксално доколку некој сака таква ексклузивност за личности кои живееле пред 2.300 години. Тоа би било нонсенс, вели министерот Попоски.

Пред независноста на Македонија, додава тој, официјална Атина не се занимаваше со прашањето за името, туку дека потоа дојде до кампањата за македонизација во Грција и масовни кампањи против Македонија.

– Стратегијата од тоа време остана иста – приклучувањето на Македонија во евроатлантските структури да бидат спречени, во надеж дека земјата нема да преживее, изјави Попоски.

Шефот на дипломатијата вели дека не може да се прави споредба меѓу Македонија и Турција, чии евроинтеграции се блокирани. Дека Русија е алтернатива е илузија за Попоски. За Македонија, потенцира тој, нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, но предупредува на растечко незадоволство меѓу населението.

– Сепак, 85 отсто од Македонците се за пристапување во ЕУ и НАТО. Но, од гледна точка на просечниот македонски граѓанин овој процес нема кредибилитет. Што и да направиме Атина може да не блокира. Секој ден, има се поголем број разочарани граѓани кои веќе не веруваат дека Европа стои зад вредностите што ги застапува: владеење на правото, фер однос, почитување на идентитетот на секој народ, изјави Попоски./МИА