Пукотници на Капитол Хил во Вашингтон

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Во близина на западното крило на седиштето на американскиот Конгрес во Вашингтон денеска се чуле истрели од огнено оружје, а полицијата го “неутрализира” осомничениот, објави Ројтерс, повикувајќи се на полициската единица задолжена за обезбедување на зградата.

Полицијата не информира она што се случи со осомничениот, но некои медиуми, вклучувајќи NBC, АП, изјавија дека човекот се самоубил и оставил торба која ја истражува антидиверзантската единица.

“Зградата е затворена поради можни закани за безбедноста. Никој не може да влезе или да излезе”, рече портпаролката на Капитол полиција Кимберли Шнајдер.

 

Инцидентот се случи во време кога нема седница, па затоа има малку пратеници.

Телевизија “АБЦ њуз” објави дека пукањето се случи во близина на западното крило на зградата, но исто така, наведе дека се испитува сомнителниот пакет во близина на зградата.