Хилари Клинтон се кандидира за претседателските избори во САД во 2016 година, соопшти нејзин советник, со кој беше ставен крај на тековните две години шпекулации , пишува The New York Times. Со тоа таа се позиционира како најверојатната номинација на демократите за 2016 година.
Веста дојде од Џон Подеста, претседателот на кампањата на Клинтон, во писмо до донатори и други нејзини поддржувачи. “Сакам да се уверам дека го слушате прво од мене – Хилари Клинтон ќе се кандидира за претседател”, се вели во текстот во кој се додава дека поранешната прва дама и државен секретар на САД наскоро ќе се сретне со гласачите во Ајова.
Обама ја поддржа Хилари Клинтон во трката за Белата куќа – таа ќе стане одличен претседател, уверен е тој!

