Агресивна бабичка предизвика принудно слетување на “Боинг”

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Патнички “Боинг” на авиокомпанијата “Ер Канада” изврши принудно слетување на аеродромот во ирската престолнина Даблин поради скандал на палубата предизвикан од 87-годишна патничка.2774253A00000578-3034761-An_87_year_old_woman_caused_a_disturbance_on_board_an_Air_Canada-a-9_1428747446493

Старицата не само што предизвикала скандал и го навредувала екипажот, но дури и гризнала стјуард.

Летот бил од Торонто за Франкфурт, а во авионот имало 121 патник. “Во Ирска авионот требало да слета, за да биде симната од палубата патничка, која предизвикала скандал”, изјави претставник на авиокомпанијата.

Подоцна беше соопштено дека авионот успешно слетал во Франкфурт. Никој од патниците или екипажот не е повреден.