Штотуку стана достапна новата надградба на оперативниот софтвер на епл iOS 8.3. Новитетите кои ги носи надградбата главно се во подобрувања на перформансите и исправката на багови и грешки пријавени и откриени во претходната верзија.
Главната новина во оперативниот систем се новите икони во emoji тастатурата, тастатурата со емотикони. Корисниците ќе имаат на располагање 300 нови икони, со можност на промена на бојата на кожата на истите.
Покрај тоа има значителни подобрувања на претходно пројавените грешки кај Вај Фај и Блутут конекцијата, како и постигната е поголема брзина при активирањето на апликациите.
Другите промени се поврзани со ајклаудот, како и ориентацијата на екранот која претходно знаеше да јавува проблеми во одредени апликации.
