Кресида Бонас дефинитивно е на пат да се раздели со прекарот “екс-девојката на принцот Хари “ .
Убавата британска русокоса стана модел на модниот бренд Mulberry, а во рекламата (пролет-лето 2015) таа ги покажува и своите танцувачки вештини.
Мис Бонас беше споменувана како следната невеста во британскиот кралски двор по Кејт Мидлтон. Сите очекуваа дека долгоногата убавица ќе успее да го скроти слободољубивиот Хари и двајцата ќе се венчаат, по двегодишната врска.
Таа сепак изненадно се раздели со принцот и најави дека планира да ја продолжи кариерата во модата и во Холивуд – нешто што не би можела да го направи, ако стане дел од кралското семејство.
Неодамна 26-годишната Кресида позираше и за насловната страница на списанието Miss Vogue што сосема ѝ го зацврсти статусот на нова модна ѕвезда.
Од видеото можете да се убедите во вештините на Кресида како танчерка.Всушност таа завршила престижна танцова академија “Троица Лаван Танц” во Лондон.
