Ибица е оној шармантен остров кој секое лето останува атрактивна точка за луѓето од целиот свет.
Некои од нив избираат да потрошат дел од летото таму и да се оддадат на забава, додека други сакаат да уживаат во спокојната страна на Ибица, во прекрасната нејзина природа и едноставно да се одмараат.
Ако сте од вториот тип туристи кои сакаат да ја посетат Ибица , само за да поминат еден релаксирачки период во рајот, празничната вила Амсон е идеалното место за вас.Стилскиот имот е погоден за сместување на семејство или група на пријатели, кои преферираат луксузни дестинации.
Убавата вила се наоѓа на врвот на ридот и нуди неверојатен поглед кон морето. Таа е идеално место за луѓе кои бараат вистински луксуз за време на својот одмор. Тивката плажа Бенирас се наоѓа во близина на имотот, кој се наоѓа во северниот дел на островот – во близина на градовите Сан Хуан и Сан Мигел.
Чудесната вила е опкружена со зеленило и во неа можат да отседнат до 10 луѓе во пет спални. Големиот имот од 600 квадратни метри располага исто така со простран базен, градина и голем паркинг.
Градот Ибица е само 30 минути со автомобил, а во близина на вилата има и ресторани кои нудат вкусна морска храна.






