(ВИДЕО) Обидот за заведување на Мадона повторно предмет на потсмев

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Мадона беше бомбардирана со изјави со потсмев откако го бакна страсно на сцената раперот Дрејк.madonna-kissing-drake

Тоа се случи на калифорнискиот музички фестивал Coachella, каде 57-годишната Мадона и 28-годишниот Дрејк пееја во дует. Раперот седеше на стол на сцената кога остарената поп-икона го зграби, и ги залепи нејзините усни на неговите.

Бакнежот траеше долго, а потоа Дрејк долго се држеше намуртен за устата и дури и се расправаше. Оние кои присуствуваа на шоуто и го видеа видеото не успеаја да разберат: раперот се гади ли од бакнежот на “мамичка” или Мадона едноставно го гризнала за јазикот.

Случката отпочна лавина од жолчни коментари по интернет на адреса на Мадона. “Леле, таа вештерка му ја испи младоста!”, “Да ти се пушти таква старица. Одвратно!”, “Каде тргнала оваа? Наскоро ќе и треба бастун!”, “Ги видовте ли нејзините бутови? Пушена сланина!” И итн.

Неодамна Мадона призна во интервју дека е вљубена во тројца мажи: Ален Делон, Барак Обама и токму Дрејк. Во февруари таа пак стана предмет на потсмев кога падна на сцената за време на концертот, откако наметката ѝ ја повлече од танчер, а не се одврза како што беше по сценарио.