Дури и најубавите дијаманти и инкрустации не можат да го добијат идеалниот завршен изглед без благороден метал за оков или основа, каква што е златото.
Ако е вистина дека најдобриот пријател на жената е накитот, тогаш новиот проект на Liong Lie Architects е рајот.
Најголемиот затворен пазар во Европа се наоѓа во Холандија и го доби својот финален изглед во почетокот на 2015 година.
Концептот на проектот “Goudsouk” е да обезбеди место каде сите златари и злато-мајсториќе ги покажат пред широката публика своите богатства.
Зградата е тематски во форма на необработени парче злато врз кое јасно е означен влезот.

Внатрешноста се карактеризира со вкупно 35 метри фасада, која алудира на гламурот кој зградата го чува. Сè што сјае, е злато!
Своевидната “изложба” на златни предмети се крие во срцевината на скриениот пазар, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.
Провокативниот екстериер на зградата крие значително поскромен ентериер. Сè е во црно, а подовите се со рефлексно огледало ефект.
Во комбинација со светлината, целото внимание се насочува само и исклучиво на златото.Целата зграда е основана со фокус врз безбедноста, а триаголна форма на превртени пирамиди е исклучително функционална – го засилува дизајнот на фасадата.
Можете да ја истражувате убавината на најголемиот затворен пазар за злато во Европа во нашата галерија.







