Западниот човек верува дека “царот” ги поставил сите на колена, а во Русија – дека “царот” ги исправил сите на нозе

од desk3
83 прегледи

Американскиот новинар Тим Корби, аналитичар на RT, кој од 2006 година живее во Русија, расудува зошто Западот не ја разбира Русија по примерот на карикатурите на “Шарл ебдо”.

Image_4711288_407

Русите имаат своја варијанта на сè што прави Западот. Дури неодамна излезе списание “Алексеј HEBDO” со карикатури на руски опозиционери. Тоа според мене може да се смета како реакција на конзервативно настроените руски државјани на скандалозните публикации на ултралибералното париско списание “Шарл Ебдо”.

Стилот на карикатурите на “Шарл” не е нов за Русите. Но тие продолжуваат да прашуваат “Зошто е направено ова?” и “Со каква цел?” И како “странска ѕвезда” во Русија јас продолжувам да добивам такви прашања од вчудоневидени руски државјани.

Замислете дека вие сте Американец од XIX век. Вашите предци ја напуштиле стара Европа, каде навредата на кралот и хулата се казнувани сурово. Во вашата историска меморија уште е жива слика на изгорените на клада. Предците на современите европејци влегуваат во цивилизираната ера на ренесансата од “Мрачното доба” на страшниот среден век. Подоцна Западот го открива просветителството. Токму овој историски пат објаснува зошто денешниот Американец, како и неговите предци во деветнаесеттиот век, е убеден дека се е подобро и избраниот курс е верен. Крвавите “темни” векови нема да се вратат никогаш, гаранција за кои се либералните слободи кои ги направија независни од црквата и кралот.

Така се формира претстава дека сите кои се уште не можат неказнето да го навредуваат кралот и црквата се наоѓаат на примитивно ниво на развој.

Сега да ги погледнеме знаците по кои децата на просветителството разбираат дека имаат слобода на говор. Во минатиот век како Американец вие сте се чувствувале многу слободен, цртајќи карикатури на претседателот, критикувајќи ги свештениците или погазувајќи го ликот на папата. Тоа се сите нешта кои претходно биле забранети, а сега вие може да ги правите отворено. Кај вас се формира претстава дека сите кои се уште не можат неказнето да навредуваат кралот и црквата се наоѓаат на примитивно ниво на развој. Во овој модел се формира менталитетот на денешната западна цивилизација, вклучувајќи и на париските либерали кои доживуваат гордост за “Шарл”. Со тоа што го навредуваат пророкот, тие ја покажуваат на сите “примитивни” својата културна супериорност.

Еден Англичанец, независно од своето образование, може да зборува што сака за кралицата. Затоа, кога ќе пристигне во Тајланд, неговото потсвест гледа насекаде знаци на “темните векови” и “раболепие” кон владејачката династија.

Кога либералниот Запад ја чу “молитвата” на Pussy riot, тој беше пресреќен. Беше употребен разбирлив за него термин “молитва” која беше изречена на западниот историски јазик, на кој демонстрацијата на хулиганство е знак за слобода. Според Западот казната на девојките била апсолутно недозволива, бидејќи тоа е знак за тоа дека Русија со своите свети институции, со недопирливи патријарх и силниот Крал останува во “темните векови”.

Од оваа гледна точка најсилниот Путин е симбол на репресија – “Ако во минатото нашите кралеви не потискале, тоа така го прават сите кралеви!” Забележете дека западниот печат постојано пишува дека во Русија има репресија, без да се даваат примери. А кога еден западен човек кажува нешто позитивно за Путин, секогаш прави напомена: “Знам дека Путин прави многу лоши работи, но …” Поради тоа што во западната свест сликата на Русија асоцира со сопственото “темно” минато, еден Европеец или Американец е убеден дека овие “темни нешта” задолжително се присутни во Русија.

Во Русија сепак немала такво нагла разлика помеѓу средниот век, ренесансата и просветителството.

Рускиот свет и до денес не е целосно убеден во исправноста на избраниот историски пат. Во Русија може сериозно да се размислува дали “револуцијата беше неопходна?” или “Можеби ќе беше подобро, ако не бевме го растуриле Советскиот Сојуз”. На Запад ќе изгледаш најмалку апсурдно, ако кажеш нешто од ваков вид на ” апсолутната монархија можеби била подобра”.

Еден човек со руски менталитет не може да види демонстрација на слободата на говорот во карикатурите на “Шарл”. За него исмејувањето на религиозни симболи не е знак за учтивост. Според него таквите слики опасно го делат општеството, провоцираат бесмислен конфликт. Една голема империја, во која живеат различни етноси, не би можела да постои со разбирања за слобода на говорот како “Шарл”. Рускиот свет бара слобода во единството.

Западниот човек верува дека “царот” ги поставил сите на колена, а во Русија – дека “царот” ги исправил сите на нозе.