(ВИДЕО) Лазаревик: Груевски си пресуди со приказната за странски служби

од Vladimir Zorba
76 прегледи

На денешната дебата во Гем клуб, на тема „Дали кризата е политичка, или државата е во криза?“, во организација на невладината „Профицио“, Лазаревик побара премиерот да си поднесе оставка како одговорен за коруптивните афери во врвот на власта и за уништувањето на администрацијата со овие механизми каде послушноста е поважна од квалитетот.

лазаревик

„Седите на седница на Влада и Никола Груевски прашува некој минстер за тековен проект, до кога треба да се реализира. Министерот одговара за 6 месеци, а он вика дека за еден месец мора да зврши. Министерот му вели „не може претседателе, не можеме да изградиме зграда за еден месец“. Министерот сепак го гледа премиерот како победник кој извојувал победа на последните избори и ги прифаќа неговите барања.

Потоа ја присилува администрацијата тој проект да го заврши за еден месец. Сите во министерството се свесни дека тоа не може да се постигне, но правиме притисок се да заврши за еден месец, пренесува А1Он. Тоа ги елиминира оние со барем малку разум, се елиминираат постепено од министерствата и доаѓаат млади амбициозни вмровци кои го реализираат тоа што ќе им го каже претседателот“, вака поранешниот заменик министер за здравство, Владимир Лазаревик ги опишува начините на функционирање во Владата предводена од Никола Груевски во првите две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кои, вели, биле понормални, ./Извор А1Он