Јапонци продадоа манго за 2500 долари

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Јапонскa стоковна куќа купи два плода манго по цена од 300 000 јени или 2500 долари, што е рекорд за слаткиот плод.yogurt_mango_second

Двата скапи плода се од сортата “Taiyo no Tamago” (“Јајце од сонцето”) и се првите кои се ставени на аукција во оваа година. За да се задоволат критериумите на овој вид, овошјето треба да тежи најмалку 350 гр и да имаат висока шеќерна содржина.

И макар и 2500 долари да се многу, високите цени на овошјето не се невообичаени во Јапонија, каде често единствено јаболко стигнува цена до 3 долари.

Оваа година меѓу најлуксузните овошје на пазарот на островот се сортите јагоди, а една единствена јагода од нив чини околу 415 долари.

Рекордот за скапо овошје во Јапонија сепак се држи од дињата, чија цена достигна 25 000 долари во 2008 година.