Премиерот на Русија Дмитриј Медведев е сопственик на стан со површина 367 кв.м. и изнајмува парцела со големина 4700 кв.м. Тој е сопственик и на два автомобили од руско производство. Според објавените информации на високите претставници на руската власт најбогат минатата година стана поранешниот шеф на “Норникел” и актуелен вицепремиер Александар Хлопонин. Во 2014 година тој го зголемил приходот со 280 милиони рубљи, додека во 2013 година заработил едвај 77,1 милиони рубљи. Втор по заработени пари е министерот за отворена влада Михаил Абазов, чии приходи изнесуваат 222 милиони рубљи.
Приходите на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за минатата година се зголемија само со половина милион рубљи и достигнаа 6,1 милиони. Министерот за надворешни работи на Русија поседува земјиште, куќа, стан и гаража.
Министерот за одбрана на Русија заработил 7,5 милиони рубљи во 2014 година. Генералот пријавил две парцели земјиште на површина 867,5 илјади квадратни метри, куќа и стан.
Министерот за финансии Антон Силуанов заработил 36,3 милиони рубљи минатата година. Тој има две руски возило и едно БМВ, како и БМВ R 1200 GS, «Харли Дејвидсон», БМВ К 1600 GTL. Освен тоа Силуанов пријавил две куќи, два апартмани, три фарми и две ненаселени куќи.
Министерот за образование и наука Дмитриј Ливанов го зголемил приход повеќе од два пати во 2014 година, достигнувајќи до 21,2 милиони рубли, и поседува два апартмани, автомобили «Лексус» и БМВ, а исто така и јахта «Жано-Престиж 36» .
Министерот за здравство Вероника Скворцова заработил 5,2 милиони денари, минатата година си купила стан со површина од 140 квадратни метри и е сопственик на две гаражи и автомобил «Мицубиши-Лансер». Министерот за спорт Витајлиј Мутко заработил 6,7 милиони рубљи повеќе во 2014 година во споредба со 2013 година
А портпаролот на претседателот Путин – Дмитриј Песков, заработил над 9 милиони рубљи во 2014 година и поседува стан, место за паркирање и автомобил «Мерседес-Бенз G500».
