Почнува ли Мајдан и во Киргистан ?!

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Сомнителни украински авиони донесоа од Абу Даби 152 тони “дипломатска пошта” за амбасадата на САД во Бишкек


На меѓународниот аеродром “Манас” во главниот град Бишкек украинската авиокомпанија “Авиолинии Антонов” донесе над 150 тони непознат товар, чиј статус бил “дипломатска пошта” и наменет за амбасадата на САД. Ова го пишува денес киргистанскиот весник “Дело № …”.
“Коментар за ова прашање нема да има” – соопштија за РИА Новости од прес-службата на американската амбасада во Бишкек.

“Според податоците на весникот, транспортен авион Ан-124 (Руслан) двапати – на 28 и 30 март – слетаал на Манас.” Секој пат тој пристигнал од престолнината на ОАЕ Абу Даби и доставувал некаков товар,- на 28 март донел 7 контејнери со вкупна тежина од над 78 тони, а на 30 март 5 контејнери со вкупна тежина речиси 74 тони. Генерално за два дена амбасадата на САД добило 12 контејнери со тежина речиси 152 тони.

Товарот и во двата случаи имал статус на “дипломатска пошта” и не бил предмет на проверка од киргистанските власти. Тој бил придружуван од неколку лица и бил пречекан од 14 вработени од Американската амбасада, објави весникот.

Изданието потсетува дека на самиот почеток на настаните во Украина во ноември 2013 година американската амбасада во Киев исто така примила “дипломатска пошта” со военотранспортен авион на САД. Тогаш украинската служба за безбедност разјасни дека товарот е всушност претставувал сандаци со 60 милиони долари во ситни пари. Потоа на Мајдан се појавија нови апоени со номинална вредност од 20, 50 и 100 долари, наведува весникот.

Во февруари во Бишкек пристигна американскиот дипломат Ричард Мајлз, кого медиумите во републиката го нарекуваат “генијот на обоените револуции”. Од 1992 година до 2002 година беше амбасадор во Азербејџан, Белград и Бугарија. Го предводел и дипломатското претставништво во Грузија токму во периодот кога е извршен државен удар, а добил по името “револуција на розите” ./ извор бугарски Блиц