До колку можевме да амнестираме лажни патриоти кои закрвија народи за да се збратимат со своите допелгангери по сатрапски менталитет, криминал и неписменост, тогаш зошто да не ги амнестираме и по основа на финансиски криминал?
Амнестијата секако треба да биде земена предвид како можност.
Апсења и затвори не посакувам никому, не толку поради индивидуалниот политички шљам, колку за нивните семејства. Но под еден услов.
Амнестија пропратена со конфискација на стекнатото богатство преку криминал и корупција.
Отварање на процес на лустрација по основа на разјаснување на потеклото на имотот. Пропратено со доживотна забрана за вршење функција или јавен настап. Со оквирна рамка од 1995 до денес.фејсбук статус на Арсим Зеколи
