Moжеби е роден првиот илјадолетник

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Многу веројатно е веќе да се родил човек кој ќе живее до 1000 години. Тоа барем е така за сѐ поголем број истражувачи кои сметаат дека наскоро ќе стигнеме до биолошка револуција, која ќе овозможи задржување на младоста.aubrey-de-grey-b01

Во епицентарот на оваа теорија е геронтологот Обри де Греј, кој е и ко-основач на седиштето во Калифорнија на истражувачката фондација “Стратегии за проектирано маргинално стареење” (Strategies for Engineered Negligible Senescence – SENS), раскажува изданието Motherboard. Според Де Греј целта на истражувањата е да се намали штетата од процесот на стареење, а не да се запре целосно.

“Ако си го поставиме прашањето дали се родил човекот кој ќе биде способен за избега од лошото здравје кога е веќе возрасен, на неодредено време, тогаш јас ќе кажам дека шансата е висока”, рече тој додавајќи дека таа е речиси 80%.

Во моментов Де Греј развива терапија при која се убиваат клетките кои веќе не се способни да се делат, а така се ослободува место за здрави клетки кои се делат и го пополнуваат ткивото.

“Овие терапии ќе бидат доволно добри за да можат да подмладуваат целосно луѓе на средна возраст, на пример 60, кои биолошки нема да се на 60 години, додека не дојдат хронолошки на 90”, објасни Де Греј.

Според него оваа техника е многу поверојатно да се развие пред онаа на останатите геронтолози, кои се фокусирани на ограничување на штетата што метаболизмот ја предизвикува на телото. “Големиот чекор напред во однос на публицитетот ќе биде кога ќе можеме да земеме глувци на средна возраст во лабораторија и да ги подмладиме”, рече докторот, додавајќи дека ако тоа се случи луѓето ќе знаат дека е прашање на време кога тоа ќе се применува и врз нив.