Граѓаните на скандинавските земји, кои војуваат во редовите на радикалната исламистичка група “Исламска држава”, претставуваат најголема опасност за Сирија, изјави претседателот на земјата, Башар ал Асад.
“Најопасните лидери на ИД во нашиот регион се Скандинавците … Ние располагаме со таква информација”, вели Асад во интервју за шведскиот весник “Експрес”. Според него, тероризмот е глобален, а не внатрешен или регионален проблем.
Асад им заблагодари на шведските власти за азил на сириските бегалци. “Според мене, таа заслужува почит во целиот свет, а не само во нашата земја и хуманитарната помош на Шведска е вредна во различни конфликти, вклучувајќи и во сирискиот”, коментира тој.
Шведска беше првата европска држава која уште во 2013 година воведе систем за автоматско доделување на жителство за имигрантите од Сирија и од тогаш протокот и достигна рекордно ниво – во почетокот на 2015 година тие беа околу 90 000 луѓе.
Поддршката на Турција – “основен фактор” за заземањето на Идлиб
Сирискиот претседател изјави дека воена и логистичка поддршка од Турција била “главен фактор”, која им помогнала на бунтовниците да го заземат северозападниот град Идлиб минатиот месец.
Градот Идлиб беше преземен од борци на исламистички групи, меѓу кои сирискиот огранок на “Ал Каеда” – “Фронт Ан Нусра”. “Секоја војна ја слабее секоја армија, без оглед колку е силна, без оглед колку е модерна”, посочи Асад во интервјуто објавено денеска.
Сирискиот претседател изјави дека при освојувањето на градот клучна улога одигра “огромната поддршка,која дошла во Турција; логистичката поддршка и воената поддршка, и се разбира, финансиската поддршка, пристигнала во Саудиска Арабија и Катар “.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танжу Билгич ги окарактеризира овие тврдења за неточни. “Тврдењата дека вооружени сили, пристигнале од Турција и учествувале во офанзивата на Идлиб не ја одразува вистината”, изјави за Ројтерс портпаролот. “Тоа се неосновани тврдења, чиј извор е сирискиот режим, кои не треба да бидат разгледувани сериозно”.
Според зборовите на Асад сириската криза била усложнета од надворешно мешање. Според него, и посредникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура е свесен дека ако не успее да ги убеди земјите кои се непријателски расположени кон сирискиот режим, “да престанат да ги поддржуваат терористите и да ги остават Сиријците сами да решаваат проблемот,инаку нема да успее никој” .
