Москва: Американските војници нема да донесат мир во Украина

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Испраќањето на американски десантни инструктори да ги обучуваат украински војници не само што противречи на Минск договорите, но може да се процени и како прв чекор кон снабдувањето на Украина со современо западно оружје, објави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

20150418.ozcjjriyah

Од 21 април на полигон крај Лавов 300 американски десантни инструктори почнуваат подготовките на украинската национална гарда. Британски инструктори веќе го прават тоа, а кон обуката  ќе се вклучат и канадски инструктори. “Се поставува прашањето дали во Вашингтон, Лондон и Отава разбираат за кого станува збор, праша Лукашевич. Та тоа се исти украински ултранационалисти од волонтерските баталјони кои носат нацистички обележја на униформите и кои се извзалкани  со крвта на жени, деца и старци по време на геноцидните  операции во Донбас. И на што ќе ги учат воените стручњаци отаде океанот, како да убиваат и понатаму оние кои зборуваат на руски “, истакна дипломатот.

Лукашевич истакна дека обуката предвидува ракување со западните примероци оружје, а тоа  може да се оцени како прв чекор кон испораки во Украина на современи американски оружја по  кои толку копнее да добие украинската “партија на војната”, појасни тој. Лукашевич објасни зошто овие акции директно се спротивни на договорот  од Минск  кои го носат потписот на Киев и на зборови  поздравени од Вашингтон.

“Точката 10 предвидува” повлекувањето на сите странски сили, воената техника, а исто платеници од територијата на Украина под надзор на ОБСЕ “. Наместо тоа крај Лавов пристигна  американска воздушно-десантна бригада и планира да остане таму подолго”, нагласи рускиот претставник. “На таков начин … администрацијата на Барак Обама … практично помага за неуспехот на Минск аранжманите. Очигледно на украинска територија американските војници нема да донесат мир”, сумираше дипломатот.