Мајкл Даглас изјави во ново интервју дека се надева оти 14-годишниот син Дилан ќе ја продолжи семејната традиција и ќе стане холивудски актер.
Самиот Мајкл своевремено ја презеде штафетата од татко му Кирк Даглас и успеа да го докаже својот талент, покрај сенката на Кирк. Дилан е синот на Мајкл од неговиот втор брак со ѕвездата Кетрин Зета Џонс (од првиот брак тој има друг син – Камерон, кој е во затвор).
Двајцата имаат и една ќерка Карис, која има 12 години и според неговиот татко е идна танчерка.
Мајкл рече: “Дилан сака да биде актер, нема сомневање. Тој веќе ме моли да му најдам некаква улога во филм. Знам дека ако почне да се занимава со оваа професија, ќе треба да се обиде да најде свој идентитет, бидејќи ќе го споредуваат со неговите родители, но тој навистина има талент. ”
Покрај тоа, во ток-шоу на Елен Деџенерис 70-годишниот Даглас откри дека со 45-годишната Кетрин се вљубени повеќе од било кога, и покрај 6-месечната разделба во 2013-та. Тој рече: “Мислам дека секој пар поминува низ тешки моменти, но јас сум луд по жена ми!”