Владата на Германија ќе одржи вонредна седница посветена на проблемот со зголемениот број бегалци, почести напади врз центри за нив и поплаки од регионалните власти дека не им стигнуваат средства да ги приспособат.
Според портпаролот Штефен Зијберт средбата ќе биде на 8 мај и ќе ги вклучува уште премиерите на федералните покраини, од кои дел веќе побараа помош од централните власти во Берлин.
Бројот на баратели на азил скокнал повеќе од два пати во текот на првиот квартал во однос на истиот период минатата година. Од јануари до март пристигнале 85 394 бегалци и прогнозите се дека до крајот на годината нивниот број може да наближи половина милион. За целата 2013 година. во земјата имаше околу 100 000 странци кои побарале азил.
Делумно под влијание на повоената траума, која ја преживуваат стотици илјади Германци протерани од своите земји, денес властите ги прифаќаат и сместуваат бегалците. Но, проблемот е дека предвидените 1 милијарда евра федерални партиципацијата за 2015-2016г. беа пресметани пред да се удвои бројот на пристигнатите.
Во областите каде до неодамна речиси немаше странци расте напнатоста.На 4 април во Троглиц крај Лајпциг беше запален зграда, подготвена за сместување на бегалци. Тоа се случи малку откако градоначалникот на населбата и адвокатот за азил добија смртни закани.
Во Солинген во четвртокот по ѕидовите на бегалски центар беа нацртани свастики. Градот стана тажно познат во 1993 кога беше запалена зграда со Турци која доведе до смрт на 5 жени и девојки.
Сите 16 провинции се должни да прифатат број бегалци, а критериумите се дефинираат спрема населението . Но под притисок на растечкиот бран на многу места се принудени да приготват недоиградени згради или спортски сали.
Владата се обидува да го убеди населението дека земјата има потреба од имигранти, за да ги ограничи демографските проблеми – според експерти во следните 15 години работната рака ќе се намали за повеќе од 6 милиони луѓе.
Но социолошките анкети покажуваат дека 58% од Германците сметаат дека во земјата доминира непријателски однос кон имигрантите. Националната дебата за имиграцијата се разгори повторно поради протестите кои секоја недела ги одржува здружението PEGIDA,од каде тврдат дека странците водат до исламизацијата на Европа.
Повеќето од барателите на азил во Германија бегаат од Сирија или Авганистан., Но загрижувачки се податоците и за случувањата во Медитеранот меѓу Северна Африка и Италија.
Најмногу поради граѓанската војна во Либија земјата се претворила во рај за шверцерите на луѓе кои дури и ги претвориле емигрантите од земјите на југ од Сахара во вид валута и извор за финансирање на кампањите на завојуваните групи.

Само во последната недела во обид да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза се удавија 450 луѓе – ова е 30 пати повеќе во однос на истиот период минатата година. Од почетокот на годината загинаа над 800 лица, а крајбрежната стража спасила скоро 11 000. Ако ова темпо се задржи, жртвите брзо ќе ги надминат минатогодишните скоро 3.000 лица кои се удавиле во обид да најдат подобар живот во Европа.
На крајот на минатата година беше прекината операција “Маре Нострум”, во која патролираа бродови на ЕУ во потрага и спасување на бротчиња со имигранти. Причините се како трошоците од милиони евра месечно, така и ксенофобичните протести на партиите во Италија, според кои операцијата всушност го стимулира сообраќајот, бидејќи луѓето стартувате, убедени дека некој ќе ги открие и ќе ги спаси во морето.
Во моментов делува операција “Тритон”, делумно финансирана со 3 милиони евра од ЕУ, но таа е само во зона од 30-милји околу италијанскиот брег.

