(АУДИО)”Бомба од Штип”- транскрипт 2: Како Бонева се запишува на факултет во Штип?

од desk3
141 прегледи

 

Првиот социјал-демократ на Штип, Владимир Милошев објави аудио снимки за кои посочи дека се разговори помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев, ректор на универзитетот Гоце Делчев во Штип, и помеѓу пратеничките Надица Танчева и Силвана Бонева како се договараат за запишување на Бонева на Универзитетот. Бонева вели дека е срамота, а Танчева ја убедува дека ќе се истера работата.

Во разговорот Милошоски бара од Ректорот вработување во Универитетот за негов пријател, рекоа од СДСМ.

safe_image

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев

СМ: Исто се повикува и на вас….
АМ: Да да да точно е точно е…
СМ:Епа добро јас го имам тука ставено кај мене во, ова… во фиоката… и …
АМ: Во човечки ресурси.
СМ: И согласностите … или ако сака он у меѓувреме да волонтора нешто да… и да го имам во…
АМ: Знаеш што јас… да, јас мислам дека нормално знаеш за согласностите се бориме дек не е лесно ке му помагам колку што можам ама, може, може, во меѓувреме тој и да си волонтира, сепак да го запознаете да го видите, тој да ве запознае, така.
СМ: Обично и така волонтираат некое време па да влезат во комбинација.
АМ: Да да да си ја види средината средината него и така.

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Надица Танчева Тулиева

НТТ: Силвана
СБ: Еј…
НТТ: Уписите ќе бидат у август класичен упис ќе биде тоа
СБ: Значи класичен упис ќе биде у август, така ли.
НТТ: Класичен упис у август и незнам ќе тераме работа ич да не му се секираш се се наши све таму и ќе ја истераме работата.
СБ: Треба да земеш и как идеш сеа ке идеш другата нЕдела понеделник вторник негде ке има седница за одлуката за колку комисии колку делегации колку такво начелното
НТТ: Аха така.
СБ: И можеш да ми земеш е такви как ги викат шо има испити кај има.
НТТ: Ќе ти земам се се ќе ти земам ќе донесам.
СБ: Какви смерови шо има шо знам шо има и да видиме у тие таквите да ги погледнеме да видат шо ќе признаат от как го викаат она кога треба после со писмото изгледа со уписот как ке се одаде така ли.
НТТ: Силвана со деканот шо е Ананиев овој нашиот човек он е сега декан не е веќе оној Стефан Алексовски оној гадниот шо беше… овој нашиов човек е тука значи таму упис ќе направиме кај шо се тие нашите професори ќе ти кажам јас и смер и се само ти дополагај ги значи некои испити шо ти се признаваат се ќе ти кажам јас другата недела.
СБ: Епа добро они само как беше делот за Орце у ФОН незнам колку беа 9 ли 11 ли беа кажаа дека признават ама они ќе видат таму според програмата.
НТТ: Ќе завршиме де тука работа штета да не искористиме тука.
СБ: Не бе не срамота е веќе.
НТТ: Ќе биде бе ич да не му се секираш шо не е бидело.
СБ: Земеш ти живи здрави само.
НТТ: Ја некна затоа не ти … викам ај да не те замарам оти Микица ми кажа у август вика со класичен упис се шо треба ќе ти кажам вика сеа не ја замарај жената сега оти уште е рано и така де ке ја тераме работата и ке биде се како шо треба да биде.
СБ: Ааа со класичен упис шо сака нека е значи они претходно треба само да донесат решение шо признават од испити и дек ке ме запишуваат у која година.
НТТ: Е така они го гледаат уверението Ананиески Сотировски незнам кој и кажале таму некои испити се признаваат ама се ке ти кажам ја подетално.
СБ: Епа арно да видиме кои се се признават они решение треба мислам да донесат шо признаваат и у која година ме запишуваат после врз основа на тоа.
НТТ: Е така, ќе биде.
СБ: Ајде здрави живи ќе се видиме.