Специјализирана група руски хакери успешно влегувале во компјутери на Белата куќа и Стејт департментот на САД, објави агенција Reuters. Откритието е на американската компанија за сајбер безбедноста FireEye.
Таа наведува дека станува збор за групата APT28 која беше откриена во есента минатата година. Според компанијата хакерите користеле непознати до овој момент пропусти во безбедноста на Adobe Flash и оперативниот систем Windows. Главниот ризик е во Flash, а на почетокот на оваа недела Adobe пуштила обнова за да го поправи. Неуспехот во Windows не е толку сериозен, но Microsoft исто така работи на потребните корекции.
FireEye наведува дека хакерите користеле пукнатина во безбедноста, за да влезат во компјутери на Белата куќа. Од нив тие се здобиле со неквалификувани, но и покрај тоа деликатна информации како планови за патувања на американскиот претседател. Влегувањето во компјутерите на американскиот Стејт департмент е дефинирано како посериозно, но не се прецизираат детали.
Според FireEye ,APT28 работат од 2007 година. Цели на хакерите биле воени компании, канцеларии на НАТО, конкретни раководни лица во различни влади во светот, кои се предмет на интерес на Москва.
Во меѓувреме компанијата Trend Micro објави дека во последните денови се забележува интензивирање на друга хакерска кампања, која е наречена Pawn Storm. Таа е насочена против компјутери во Стејт департментот на САД, НАТО, неколку европски држави и руски дисиденти. Според компаниите за сајбер безбедноста Pawn Storm истата ја реализира APT28, бидејќи ги користи истите методи и има слични цели.
