(АУДИО) “Бомба 23 од Центар”-транскрипт 5: И едното сценарио и другото одат на уставен

од desk3
95 прегледи

Опозиционерите денеска ја испорачаа 23-тата бомба до власта од Општина Центар.

Првиот социјал-демократ во О. Центар Центар Саша Богдановиќ објави снимки од разговори за кои вели дека се меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски, а со кој се открива како лично Груевски се подготвувал да ги спречи деталните урбанистичките планови за Центар.

janakieski-gruevski-685x320

Разговор помеѓу соговорник и Миле Јанакиески

С: Шефе
МЈ: А
С: Извни сеа шо стана со… нешо збориме со Дејан дупојве горе шо беше она шо ги обори центар
МЈ: Не што ги обори Центар ама не ги објави во службен весник. Шехтански му кажа дека да му достават во рок од 30 дена дали ги објави во весник, утре истекува рокот. И ке му дај налог да ги објави . Ако не ги објави тогаш ги поништува, ако ги објави пак ке ги поништи. На уставен ќе ги достави
С: Аха, ама пак оди на уставен така а
МЈ: И едното сценарио и другото одат на уставен
С: И пак истите треба да се гласаат така пак да идат на гласање
МЈ: Уставен му ги враќа и тогаш пак ги става на совет
С: А да тогаш треба… Ок шефе фала
МЈ: Ајде

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ама многу е касно ние сакаме да си го работиме уште од утре тоа до петок да созрее
MJ: Ам претседателе ги немам, ги немам материјалите од совет незнам на кој закон на кој член од законот се повикува зашто уште ги немаше доставено во петокот попладнето материјалите до нашите советници
НГ: Да проверам сега да не ги има во меѓуврме доставено
НГ: Провери разбуричкај ја работава, за на време да видиме што е како е да можеме од утре да го работиме
MJ: Ама, мислам јасно ми е мене само ги чекам материјалите од совет ги чекам, незнам на кој член од законот се повикува. Во законот за просторно нема основ за таква одлука
НГ: Добро
MJ: Во понеделник свикав и голем состанок за ова ама ќе проверам сега ќе ви пишам
НГ: Викни го и Славе на состанокот и сите
MJ: Ги викнав и Мартин и Суле и мислам и пишав на секретарката да ги викни и сите советници
НГ: Ама у понеделник не сме тука, у Белград сме
МЈ: Молам,
НГ: Понеделник сме у Белград ние