(Видео) Нов скандал поврзан со Хилари Клинтон

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Нов скандал избувна околу Хилари Клинтон, откако нејзииниот предизборен автобус беше снимен како се да паркира на место наменето за инвалиди во Каунсил-Блафс, Ајова, објави  “Дејли мејл”.

На снимката, распространета од американската телевизија KETV-7, се гледа како кандидатот за претседател на САД излегува од локално кафуле и им честита на луѓето по улица. Токму до Клинтон сепак има син знак кој означува место за паркирање на хендикепирани. Токму таму застана автобусот за нејзината предизборна турнеја, кој го зел името на ликот од цртаниот филм – кучето Scooby Doo. Возилото било паркирано од службеници на Сикрет сервис. Тие нема да бидат казнети, бидејќи се федерални вработени.