Судбината на речиси седумстотини луѓе се уште останува непозната, откако преоптоварен брод се преврте на околу двесте километри од италијанскиот остров Лампедуза во Средоземното Море. Емигрантите од Северна Африка се обиделе да стигнат до европските брегови, но претрпеле несреќа во либиски води. Во моментов се смета дека причината е во луѓето кои се натрупале на едната страна на палубата на бродот, кој се превртел поради нарување на рамнотежата. Италијанските и малтешки поморски сили спроведуваат операција за пронаоѓање и спасување на патниците. Во моментов од водата се извадени живи само дваесет и осум лица, информира локална телевизија.
Премиерот на Шпанија Маријано Рахој ги повика властите во ЕУ да преземат мерки за спречување на нови трагедии со емигранти во Средоземното Море. “Ние се соочуваме со истите трагедиите во нашата земја и знаеме дека ниедна држава во светот, независно од силата и ресурсите, не може да се справи сама со тоа”, рече Рахој по повод инцидентот. Францускиот претседател Франсоа Оланд исто така, ги повика надворешните и министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ да одржат итен состанок.
Во интервју за ТВ медиум Оланд истакна дека ако смртта на емигрантите биде потврдена, тоа “ќе биде најужасната несреќа во последните години”, која се случила во акваторија на Средоземното Море. Европа “треба да дејствува” против се почестите случаи на масовни давења, повика францускиот претседател. Оланд се заложи за “повеќе брофови и воздушно набљудување и активна борба против шверцерите”. “Зашто оние кои ги земаат луѓето во чамци, се шверцери, дури терористи, бидејќи се свесни дека овие бродови се одвратни, … и ги изложуваат стотиците луѓе на опасност “, рече уште Оланд. Беше донесена одлука министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ да разговараат прашањето со илегалните емигранти од Африка утре во Луксембург.