Интересни факти за Австралија (Втор дел)

од Vladimir Zorba
970 прегледи

Како што стана јасно од првиот дел со интересни факти за Австралија , земјата е првак во многу односи поврзани со природата.2f61a8ef9975e9549e6bf23c012b50e0

Значи, ако одлучите да одите таму, секако треба да си одделите доволно време за да уживате барем во дел од неверојатните природни карактеристики на Австралија.

За да бидете сигурни дека ќе видите сѐ што вреди, продолжуваме со љубопитните факти, со кои ќе сте подготвени подобро:

12. Најдлабокиот подводен кањон се наоѓа на територијата на Австралија. Тој е оддалечен на околу 40 километри од бреговите на континентот. Длабочината достигнува 1800 метри , а ширината – околу 30 километри .

13. Зоолошката градина во Мелбурн е првата во цела Австралија. Таа е отворена уште во 1862 година. Првично служела како центар за аклиматизација на домашни миленици кои влегуваат во земјата.

14. Австралиската кујна е разновидна . Секоја држава е позната по своите специјални производи.

15. Аквариумот во Сиднеј е еден од најголемите во светот. Тој се состои од сет на подводни тунели, така што посетителите можат да уживаат во повеќе од 6000 различни видови од фауната која се чини дека ги опкружува.

16. Езерото Хилиор , сместено на островот Мидл , е познато по својата Розова вода. Научниците сѐ уште не можат да разберат која е причината за нијансирањето.

17. Еден од главните извори на пополнување на државниот буџет е продажбата на гас и руда . Но, парите не одат во државната каса, туку великодушно се распределуваат на граѓаните, на тој начин стандардот на живот во Австралија е повисок.

18. Во земјата има и мини со скапоцени камења како на пример: опали, дијаманти и смарагди .

19. Австралиското земјиште е дарежливо и кон земјоделците. Ако пченицата , одгледана за една година во земјата се подели меѓу жителите во Австралија, секој ќе добие по еден тон!

20. Една петтина од земјата е пустина . Најголемата пустина е Викторија , а втора по неа е рангирана Големата песочна пустина .

21. Лекарите во Австралија скоро никогаш не одат по домовите, а брзата помош пристигнува само во екстремни случаи. Ова сепак не зборува лошо за здравство на земјата, туку за доброто здравје на Австралијците , како и нивната одговорност кон него.

22. Австралијците ги остават непотребните лични предмети, апарати за домаќинство и т. н. во близина на своите домови и секој може да си го земе она што му се допаѓа.

23. Во Австралија живеат исклучително многу кенгури кои често излегуваат на патот, па возачите треба да бидат многу внимателни. Во земјата има околу 100 видови кенгури – од бебиња, високи до половина метар, до гиганти со димензии од 3 метри.

Скролајте кон следната галерија и разгледајте ги  фотографиите од Австралија.9a64eb865d95b627380a2574317dde4c bdd02ce329deeaea8a381b299d200eb5 e6221168d2e302df7adbab22b9414a81 80bed155b1f966148b70ece81c03b7b1 2f31bc4ee6d9d2ebecb996d53184de80 61f33883ed5f71adf7c209019649edb3 8afac31f5e68dfb4e1a35437f60da37a 0eb20e16b640fd503e5040f99a55e9e5 ada430af1b34d7272263088957339edf bf13097113ae2f0469e9ba526aebc166 a26f5fa4cf34ea7da410ac61d0b8fb61 ddcd0546b274de4e3baf5d3d4c4b1a62