Норвешка ќе престане со емитувањето на FM радио фрекфенција почнувајќи од 2017 година, објави локалното Министерство за култура. Така Норвешка ќе стане првата држава во светот, која ќе помине целосно на дигитална сфера. 
Дигиталното аудио-емитување (DAB) веќе функционира во земјата, нудејќи 22 национални радија, додека FM има само пет радија со национална покриеност. Локалните анкети покажуваат дека 56% од Норвежаните веќе го слушаат дигиталното радио секој ден.
FM стандард е патентиран во 1933 година. Тој брзо се претвора во многу популарен, па над 90% од Американците слушаат FM радио барем еднаш неделно. Во последниве години, сепак интернетот и дигиталните технологии почнуваат да го земаат приматот и да привлекуваат повеќе и повеќе луѓе. Неколку држави во Европа и Азија веќе почнаа преминување кон дигиталното радио. Тие сепак сѐ уште не си поставиле рокови за целосното исклучување на FM брановите.