ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на писмото на поранешниот претседател Бранко Црвенковски во кое тој изрази поддршка за проектот „Вистината за Македонија“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
Лицето Бранко Црвенковски на кого очигледно му досадија прошетките по Флорида и седенките и севдалинките по локалите во Македонија, денес се пројави со писмо очекувајќи целата јавност да се стресе и возбуди од неговиот проглас и да му заборави за сето зло што го има направено врз граѓаните и државата, дека ќе ги заборави мрачната и болна приватизација во која се раскрчмија над 460 фирми и земјоделски комбинати и беа избркани од работа 200 000 работници, шверцот со нафта цигари и бакар, неразјаснетите убиства и самоубиства, лажните ветувања за вработување на по еден член од секое семејство, територијалната поделба при која тепаше граѓани кои се спротивставија на неа, сменетото име и знаме, сомнително доделените над 120 000 државјанства и илјадниците други негови лаги и манипулации.
Лицето Бранко Црвенковски е мрачното лице на Македонија и единствено како такво претставува соодветно друштво на мрачниот лик Заев и мрачните сценарија на СДСМ. Добро си одговараат еден со друг тоа им е заедничко. Заедничко им е и што двајцата и Бранко Црвенковски и Зоран Заев се поборници на мрачни сценарија, на насилство, на тензии, на одработувања за туѓи интереси и затоа и двајцата немаат подршка од народот.
Бранко Црвенковски нема никаков морален кредибилитет да зборува за решенија бидејќи тој 20 години е генератор на проблемите, а кога ќе реши малку да се одмори и прошета тогаш проблемите ги прават неговите клонови, чувари на столче и соработници кои за 20 години кариера немаат ниту еден реализиран проект по кој народот ќе ги памети.
Сакаме да му порачаме дека ова не се 90-тите и дека нема да дозволиме Македонија повторно да биде заложник на неговите ниски страсти. Нема да дозволиме да го загрози развојот, реализацијата на над 2000 проекти и отворањето на новите фабрики и работни места.
