Прошетка со подморница околу Сицилија

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Придружени од локални археолози и експерти, групи од туристи ќе се потопат во возбудлива авантура со мини подморница во водите до Сицилија ова лето.2677F9EF00000578-2986507-image-a-83_1425913391588

Смелите туристи имаат единствена можност да се нурнат на повеќе од 300 метри длабочина, за да откријат еден одамна изгубен свет на Сицилија.

Таа е полна со атракции, останати од античките Грци и Римјани. Голем дел од потонатото наследство на островот веќе може да биде видливо од малата подморница обезбедена од “Aurora Trust” и “SubSea Explorers” од која можат да се истражуваат античките разрушени кораби и потонати богатства расфрлани долж брегот на Италија. Подводните патувања ќе се одржат помеѓу јуни и август, а резервациите мора да бидат направени до крајот на овој месец.