Преживеана од бомбардирањето на Бостонскиот маратон: Ова е денот кога си го враќам животот!

од Vladimir Zorba
101 прегледи

„Ова е денот… кога си го враќам животот,“ напиша Ребека Грегори, преживеан натпреварувач oд бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, на нејзиниот Фејсбук профил пред да се упати и да започне да го трча вчерашниот Бостонски маратон.RebekahGregory

27 годишната девојка од Тексас за првпат го посети Бостон кога беше сериозно повредена во бомбардирањето пред две години. По 16 реконструктивни операции во обид да се спаси нејзината нога, таа одлучи да дозволи да биде ампутирана минатиот ноември.

Вчера таа трчаше со нејзината протеза, првично планирајќи да го истрча целиот маратон, но докторите ја посоветуваа дека тоа може да ја повреди нејзината сѐ уште не целосно оздравена нога. Со тренерот крај неа, таа ги заврши последните неколку километри од трката и доживеа емотивен финиш на крајот на маратонот.11114878_10153005367203122_1225998629_n

Неколку дена пред трката, Ребека изјави: „За неколку дена од сега ќе се вратам на истиот асфалт на улицата Бојлстон. Асфалтот кадешто си мислев дека сигурно ќе умрам, и асфалтот кој пред една година го поминав буткана со количка на Почесниот марш. Но, погодете што? Овој пат нема да лежам на земјата распарчена, ниту пак да ми треба помош бидејќи можам да  сторам сѐ самата. Овој пат… единственото нешто што ќе ја допира земјата ќе биде мојата патика, додека си покажувам себеси и на останатиот дел од светот дека се вратив, посилна од било кога… и дека НЕМА да ме спречат сега.“

Ребека беше една од повеќе од 260 повредени во бомбардирањето во 2013, кога тројца речиси ги изгубија своите животи.