Јапонски воз на магнетна левитација (Маглев) сруши светски рекорд за брзина при тест до планината Фуџи, достигнувајќи брзина од повеќе од 600 километри на час , соопшти “Гардијан”.
Возот, кој бил со седум вагони, достигнал брзина од 603 километри на час и одржувал брзина над 600 километри на час во текот 11 секунди , објавија од Централниот железнички транспорт на Јапонија.
Минатата недела компанијата регистрирала брзина од 590 километри на час , рушејќи сопствениот рекорд од 2003 година , кога беше достигната брзина од 581 километар на час.

Возот се движи на 10 сантиметри над линиите, придвижуван од електрични вчитани магнети.
Јапонската Железница сака возот да влезе во употреба во 2027 година . Плановите се да се користи за трасата од 286 километри меѓу Токио и централниот град Нагоја. Предвидено е возот да се движи со максимална брзина од 500 километри на час и да минува крај градот за само 40 минути – помалку од половина време во споредба со денешниот воз-стрела.
До 2045 година маглев се очекува да го поврзува Токио со Осака (396 километри) само за час и седум минути.
Но цената на линиите е астрономска – речиси 100 милијарди долари до Нагоја, повеќе од 80% од маршутата се очекува да поминува низ скапи тунели.
Јапонија сака да го продаде Шинкансен (јапонскиот систем од брзи возови, или “воз-стрела”.) Во странство. Земјата се обидува да ја закрепне економијата преку извоз на инфраструктура.
Љ.Ј.