Sony го претстави својот нов врвен смартфон Xperia Z4

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Во Јапонија Sony го претстави својот нов паметен телефон од висока класа Xperia Z4. Уредот дели многу од елементите на својот претходник Z3, но со обновени карактеристики, соопштува интернет изданието Engadget.zx450y250_2516285

Куќиштето на Z4 е метално, но малку потенко (под 7 мм) и полесно (144 г), а дисплејот повторно е 5.2 -инчен. Резолуцијата е 1920х1080.

Вградената камера на задната плоча е 20.7 МР, со можност за снимање на 4K видео со 60 фрејмови во секунда. Камерата на предната плоча е 5 МР, а има систем за дигитална стабилизација на сликата која помага при фотографирањето на селфиња. Објективот е широкоаголен за полесно снимање на повеќе луѓе. Селфи режимот веќе има и неколку различни тајмери.

Z4 се потпира на Andorid 5.0 за својот оперативен систем. Телефонот има 32GB внатрешна меморија и 3GB RAM меморија. Батеријата е со капацитет 2930 mAh.Продажбата на уредот ќе започне прво во Јапонија ова лето. За сега Sony не дава детали за меѓународното деби на смартфонот.

Љ.Ј.