Сончев импулс 2 ќе прелета над Кина

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Авионот Сончев импулс 2, кој лета напојуван само со енергијата на Сонцето, ја започна шестата фаза од патувањето околу светот. За време на оваа фаза тој ќе прелета над голем дел од Кина, пренесе Франс прес.03-09-15-Solar-Impulse-2-2

Авионот, пилотиран од Швајцарецот Бернар Пикард , полета од аеродромот во градот Чонгкинг во југозападна Кина во 06,08 часот по локално време и се упати кон градот Нанџинг во источниот дел на Кина .

Авионот првично требаше да остане за многу кратко време во Чонгкинг , но се задржа таму цели три недели поради неповолните временски услови.

Патувањето на Сончев импулс 2 од Чонгкинг до Нанџинг ќе трае помеѓу 14 и 20 часа.