Хуманиоиден робот ќе ги пречекува клиентите во јапонска стоковна куќа

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Јапонскиот хуманоиден робот Аико Чихира е назначена за рецепционер во јапонска стоковна куќа. Меѓу нејзините обврски е да се поздравува со клиентите во продавницата и да ги упатува кога имаат потреба, пишува “Ројтерс”. Хуманоидод е создаден од мултинационалната корпорација “Тошиба” во 2014 година, а вчера бил неговиот прв работен ден.zx450y250_2516935

Аико ќе стои на рецепцијата до следниот вторник, а потоа ќе биде преместена на седмиот кат на продавницата. Аико Чихира зборува јапонски, може да трепка, да ја отвора устата и може да биде програмирана да зборува и на други јазици, меѓу кои и кинескиот јазикот на глуви. Од “Тошиба” сметаат дека ќе биде убаво, ако Аико зборува и кинески, бидејќи во иднина клиентите сами ќе доаѓаат кај неа и ќе бараат помош.

43 мотори му помагаат на роботот да се движи, но тој сѐ уште не е програмиран да прима прашања или поплаки на клиентите на трговскиот објект. Ова не е прв робот создаден за работа со клиенти. Во почетокот на годината хуманоидите”Нао” на компанијата “Софтбанк” беа назначени во најголемата јапонска банка “Токио-Мицубиши-Ју Еф Џеј”, за да ги придружуваат клиентите до банкоматот и до апаратот за размена на девизи. Најстарата информациска агенција Associated Press, исто така има корист од развојот на технологијата. Таа користи роботи на компанијата Automated Insights кои пишуваат статии поврзани со финансиските резултати на различни компании.

 

Љ.Ј.