БЕСА: Ова е инсценирана ситуација за политички профит од некои политички субјкети

од desk3
102 прегледи

Движењето Беса остро го осудува денешниот настан при што е нападната полициската станица во селото Гошинце и ги повикува сите релевантни домашни и меѓународни субјекти да помогнат за мирна разрешница и изолација на дестабилизирачките групации.

mkd-183474

Ова е инсценирана ситуација за пренасочување на вниманието и креирање на тензична ситуација, која на крај ќе се преобрази во политички профит за одредени политички субјекти во Македонија, кои мислат дека само преку воени дејствија може да се инсталираат, да останат или, пак, да се вратат повторно на власт.
Сметаме дека ваквите инциденти сериозно ја нарушуваат безбедносната состојба во државата и само ја продлабочуваат актуелната политичка криза

Македонија се наоѓа во тешка политичка криза и таа треба да се разреши преку политички дијалог, со меѓународно присуство, помеѓу политичките субјекти во државата, но не само на тие од македонскиот политички блок.
Исто така ја повикуваме меѓународната заедница да ја сфати сериозно оваа ситуација и да помогне да не дојде до поголемо ескалирање на состојбата. Дестабилизацијата на Македонија не е штетна само за нас граѓаните на оваа земја, туку – за жал – ваквите инциденти имплицираат и поттикнување на линијата на огнот и будење на историските апетити, кои во новиот свет со евро-интеграциска агенда, можат да бидат штетни и со далекосежни последици за целиот регион“, порачуваат од Беса.