Оскар Гронинген, поранешниот сметководител во нацистичкиот логор на смртта во Аушвиц, обвинет за соучество во убиствата на 300 000 луѓе во концентрациониот логор, побара прошка од жртвите при отворањето на судскиот процес во германскиот град Лунебург, провинција Долна Саксонија, пренесе Франс прес.
“За мене нема никакво сомневање дека ја делам моралната одговорност”, изјави 93-годишниот поранешен член на СС, кој призна дека бил во текот на истребување на Евреите од пристигнувањето во кампот. “Ве молам за прошка”, додаде тој. “Што се однесува до прашањето за кривичната одговорност, вие треба да го решите тоа”, рече тој, свртувајќи се кон судиите, кои можат да го осудат на затвор од 3 до 15 години.
Облечен во џемпер без ракави и бела кошула, со очила со позлатени рамки, старецот влезе во судницата, потпомогнат од двајцата адвокати. Неговите сведочења дадени со уверен глас, зафатија поголемиот дел од утрото.
Седницата беше префрлена од судот во театарска сала поради присуство на медиуми од целиот свет и 67 граѓански тужителите – преживеани и потомци на жртвите. Тројца преведувачи вршеа симултан превод на англиски, унгарски и хебрејски.
Гронинген – вдовец, пензионер, со двајца синови на 65 и 70 години, раскажа детали за доброволното постапување во “Вафен-СС” на 19 години, во октомври 1940 година, за прв пост во администрацијата, проследено со преместувањето во логорот “Аушвиц-Биркенау” во 1942 година, до есента 1944 година. Задачата му била да ги собира и премсетува парите по пристигнување во концентрациониот логор на затвореници пред да ги испрати во Берлин.
Опишувајќи го секојдневниот живот во Аушвиц, тој настојува да се разликува работа од онаа на чуварите, вмешани директно во истребување. Гронинген истакна дека неговата задача вклучувала да ги осуетува кражбите на багажот на депортираните, предмети од “црниот пазар” во кампот. Тој потсети дека на три пати безуспешно сакал преместувањето на фронтот пред неговото барање да биде одобрено во есента 1944 година.
Се вратил во Германија по војната. Поранешниот сметководител никогаш не се криел. Пред да биде изведен пред суд, тој често раскажувал пред печатот и телевизијата за минатото во Аушвиц, објаснувајќи дека сака да “се бори со негирањето на холокаустот”.


