(АУДИО) “Бомба 24” транскрипт 9: Груевски за 5 минути ја вработува сопругата на Латас

од desk3
120 прегледи

Првиот опозиционер Зоран Заев на денешната прес-конференција објави разговори за кој рече дека покажува Главниот уредник на Сител Латас ја сместува неговата сопруга на позиција со 1000 евра плата во Гама.

B0ED01E2D09FE944AB2D0C957B5365FD

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ДПЛ: Али на Горан Бошков морам да му се захвалам у живот, ми учини голема работа, не сакајќи. Ми вика, ја барам од Никола, викам дај негде, ја не барам ништо, викам дај негде Мери да ја ставам у некој управен одбор, вака-така, знаеш. И не сме нашле. Поминало година дена, два-три пути сме збореле – имаш ли идеја- немам да ти кажам. Горан Бошков доаѓа и ми вика: А бе ти стоиш добро со Ниц, мене да ме изберат повторно, а него го избра СДСМ порано, у одбор на директори вика, кај што е Мери сега, у ГАМА, 1.000 евра вика, плата. Каде? У ГАМА. Колку? 1.000 евра. Идам ја кај Никола, зборам за Мери, и одма у 5 минути го реши. Се јави таму, не знам на кој беше и од утредента ја тури у процедура. И после месец дена ми се јавува: Па добро бе, нели е срамота, ја за мене ти кажав. А бе викам ја веќе бркав работа, како сега. Па што не ми кажа!? Па викам незгодно ми беше, не знаев дали ќе биде. Ха, ха, ха.